Касами – Отворање на фабрика за преработка на зеленчук

0
21

Претседателот на Движењето Беса и и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами во својот говор пред граѓаните  на Мала и Голема Речица истакна дека оние кои најмногу сакаат промени со сето свое срце се активистите на Движењето Беса и жителите на овие две населени места, додавајќи дека од ден на ден Движењето БЕСА се збогатува со нови луѓе од граѓанскиот сектор, бизнис секторот, здравството, образованието

„Во оваа кампања забележуваме дека структурата на Движењето БЕСА секојдневно се збогатува со различни луѓе од граѓанскиот сектор, деловниот сектор, здравството, образованието итн. Младите момчиња и девојчиња се приклучуваат на нашата програма, пензионери и работници, луѓе кои дејствуват во сите сфери.А ова резултат е дека имаме најсеопфатна програма, нашата програма има конкретни решенија за сите проблеми што ги има Тетово “, рече Касами.

За време на презантирање на програмата, претседателот на Движењето Беса, Касами рече дека со доаѓањето на Движењето Беса во централната власт, веднаш граѓаните почнале да ја чувствуваат промената. Граѓаните почнаа да дишат послободно, додавајќи и ги промените што ги донесе министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа и неговиот тим, кој и покрај големите тешкотии направи и прави се за земјоделците од Полошкиот регион.

-Од отворање на новиот канал за наводнување Равен-Речица, чистење на каналот Радиовце-Теарце, разни мерки на ИПАРД програмата, изградба на патишта што поврзуваат села и ниви, како и субвенции и стимулации од програмите Млад фармер, Рурална жена и други програми, ќе создадеме подобри услови за земјоделците. Општината ќе биде достапна за овој сектор, за да ги стимулира земјоделците да ја унапредат својата активност, не само во производството, туку и во однос на преработката на земјоделските производи и создавање услови да бидат конкурентни на домашниот и странскиот пазар„ рече Касами.

Исто така, Касами пред жителите на овие тетовски населби откри и еден долгоочекуван проект за нив.

“Пред неколку дена во Тетекс 1 реков дека секој пат кога ги посетувам бастионите на Движењето БЕСА, доаѓа и некоја добра вест. Заедно со министерот Арјанит Хоџа, денеска, по сопствена иницијатива, не посетија некои инвеститори. Тие изразија подготвеност веднаш да започнат со инвестиција во Тетово: Тоа е фабрика за преработка на зеленчук, поточно преработка на компири, соодветно производство на помфрит и чипс, новиот инвеститор ќе отвори 60 нови работни места, а ние се согласивме дека Речица е најидеално место за ова инвестиција. Но, најдобриот дел од целата оваа работа е што тие ќе склучат договор со земјоделците. Од оваа година земјоделците на Речица ќе ги одгледуваат своите производи кои ќе имаат однапред договорна продажба. Во наредните денови ќе го претставиме конкретниот проект пред вас “, рече тој.