Алијанса за Албанците и Алтернатива – Дождот ги изнесе на виделина валканите работи на градоначалниците на ДУИ

0
24

Врнежите од дожд што ја зафатија нашата земја во последните денови, уште еднаш го потврдија неуспехот на ДУИ.  И после толку години владеење, општините управувани од градоначалниците на ДУИ, не изгледаат како нормални места за живеење, бидејќи се занемарени во секоја насока, соопштија од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

-Само во изборни кампањи, ДУИ ги посетува жителите на овие општини, оди и бара гласови од жителите, постојано ги повторуваат истите празни ветувања кои со години, злоупотребајќи ја довербата на народот, никогаш не ги реализирале и жителите на овие општини ги оставаат во заборав и на милост на судбината. Јавно ги прашуваме лидерите на ДУИ: Зарем воопшто не се срамите од себе и од народот кога чекорите по оние улици кои пред вашето лице го отсликуваат еден од многуте ваши неуспеси?, истакнаа од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива