Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за македонски државјани

0
20

Со последната одлука, С Македонија е преместена од црвена во портокалова зона

Бугарија од утре, 10 октомври, и повлекува рестрикциите за патување за нашите државјани на нејзина територија.

Со последната одлука, Северна Македонија е преместена од црвена во портокалова зона, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација ( поминати најмалку 14 дена откако е примена втората доза) или сертификат за прележан ковид-19 (од 11. до 180. ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).