ВИДЕО – СИЛЕН ТРЕСОК И ЛУЃЕ КОИ ВРЕСКААТ ВО ПАНИКА: Безбедносни камери го снимиле земјотресот на Крит

0
40

Безбедносни камери го снимиле силниот земјотрес со јачина од 6.3 степени на  грчкиот остров Крит кој траел 20 секунди.

 

Малата црква Свети Никола е урната, а оштетени се многу згради. Луѓето велат дека ваков земјотрес немало со години.

Учениците се евакуирани од училиштата. 

На крајот од септември на Крит имаше земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, што предизвика голема материјална штета, а едно лице загина. Скоро секој ден има послаби потреси на Крит. И денеска се регистрирани неколку потреси.