Гласачките места се отворени на локалните избори на Косово

0
50

Денеска граѓаните во Косово избираат локална самоуправа во 38 општини, од кои 10 се со мнозинство Срби. Гласачките места се отворени во 7 часот.

Голем број граѓани решени да го искористат своето избирачко право се собрале на главниот градски плоштад во Северна Митровица, од раните утрински часови. По сите настани од претходните денови, граѓаните на северно Косово во српските заедници се решени да излезат на гласање во голем број и да ја изразат својата политичка волја. Точно во седум часот се отворени 23 избирачки места во Северна Митровица, распоредени наседум избирачки места.

Во Косово 1.885.000 граѓани со право на глас денес избираат градоначалници и советници во локалната самоуправа. Централната изборна комисија регистрира 32 политички партии, 34 граѓански иницијативи, една коалиција и 23 независни кандидати за градоначалници.

Учествуваат вкупно 5.364 кандидати, од кои 166 се кандидати за градоначалници и 5.198 кандидати за советници на општински собранија.

Аналитичарите не очекуваат резултатите од парламентарните избори во Косово, на кои победи движењето Самоопределување Албин Курти, да се прелеат на локалните избори.

На граѓаните кои излегуваат на гласање нема да им биде побаран доказ дека се вакцинирани или негативен тест, туку ќе мора да држат физичка дистанца.

Изборните комисии и набљудувачите на изборите мора да обезбедат докази дека се вакцинирани со барем една доза од вакцината или дека се негативни за коронавирус.