Детали за страшната несреќа кај Ласкарци, каде загина едно лице

0
24

Една жртва и тројца повредени е исходот од страотната сообраќајка која се случи вчера попладнето на автопатот Тетово- Скопје. На лице место во незгодата починал педесет и тригодишникот Н.З од селото Чегране. Тој е сопатник во возилото кое излетало од коловозот.

Според СВР Тетово несреќата се случила во близина на селото Ласкарци, вчера во 17,53 часот. Патничко возило „јагуар” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(49) од селото Чегране гостиварско, излетало од коловозот.

 

На местото на несреќата починал Н.З. а возачот Н.И. и сопатниците А.К.З. и Б.И. се повредени и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.