Истрефи: Приватната фирма ангажирана од оштината, уплаќала пари на блиски луѓе на Мерко

0
21

Милиони евра со години се одлеваат од буџетот на Општина Струга,од страна на двоецот Рамиз Мерко и Армен Кадриу, преку сомнителна концесија за улично осветлување со фирмата Сити Лајт, обвинија денеска на прес конференција од Алијанса на Албанците. Од таму рекоа дека станува збор за еден од најголеми корупциски скандали во општина Струга.

„Милионите што општина Струга и ги дава на оваа компанија, одат директно во џебовите на Рамиз Мерко и Армен Кадриу, а за тоа сведочат десетиците банкарски трансакции кои ги поседуваме.Милиони евра од Сити лајт се уплатени на приватната сметка на Армен Кадриу и неговото семејство и на сметката на приватниот универзитет на Рамиз Мерко.Овие трансакции најдобро ја покажуваат поврзаноста на кланот Мерко-Кадриу со фирмата Ситилајт“, изјави Идри Истрефи- кандидат за градоначалник на Струга од Алијанса на Албанците и Алтернатива..

Од Алијанса, велат дека за ова биле известено Јавното обвинителство и Финансиската полиција.

„За да биде скандалот уште поголем, Владата на Северна Македонија во текот на овој мандат исплати 50% од долговите на општините. На општина Струга и беа доделени над 2 милиони евра, додека Рамиз Мерко меѓу десетиците фирми на избрал Сити лајт за одеднаш да и уплати над 1,2 милиони евра од тие средства. Причината веќе се знае. Рамиз Мерко треба да одговара за овој криминал, пред граѓаните на Струга“, нагласи Идри Истрефи- кандидат за градоначалник на Струга од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Истрефи вели дека додека во Струга само две семејства се збогатиле за време на владеењето на Мерко, цели улици и села секоја вечер се во темница и не се безбедни. Алсат побара став од општина Струга, но одговор не добивме. Се обидовме да исконтактираме и со градоначалникот Рамиз Мерко, но тој не одговараше на телефонските повици.