МНР до бугарските колеги: Надгробната плоча во прилепско е променета од член на семејството на Скочивирчето

0
20

Министерството за надворешни работи информираше дека член на семејството на војводата Велко Скочивирчето, во договор со црковниот одбор на црквата „Архангел Михаил“ во прилепското село Клепач на своја иницијатива и ангажман ја извршил замената на надгробната плоча. Ова следува откако само пред неколку дена бугарското МНР упати протестна нота во врска со случајот на замена на постојна надгробна плоча.

-Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија упатува апел на ваквите лични и приватни акти да не им се стават политички и идеолошки насоки, кои, пак, потоа ги оптоваруваат напорите на двете држави за унапредување на меѓусебните односи, ја нарушуваат меѓусебната доверба и го отежнуваат напредокот на добрососедските односи. За процесот на изнаоѓање заедничко решение во насока на деблокирање на процесот на интеграцијата во Европската унија, двете страни искажуваат јасна волја и решителност за соработка, и ваквите лични и поединечни случаи не треба да ги загрозат овие напори, велат од нашето МНР.

Покрај тоа што истрагата утврдила и дека надгробната плоча не потпаѓа на ниту еден статус на заштитено културно обележје или природна реткост, туку се работи за приватен гроб и надгробна плоча.

-Членот на семејството самоволно одлучил да ја смени содржината и јазикот, додаваат од МНР.

На состанокот што се одржал во средата во тамошното министерство за надворешни работи во Софија, Вања Андреева, директорка на Директоратот за Југоисточна Европа, го известила претставникот на Република Северна Македонија во Бугарија дека бугарската дипломатска мисија во Скопје, открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година