Политичарите се полни со говор на омраза, на со помалку директни вербални закани едни врз други

0
25

Говорот на омраза за време на парламентарната кампања 2020 година во Република Македонија и ефектите врз однесувањето на граѓаните е насловот на книгата која денеска беше промовирана на Универзитетот во Тетово

-Оваа книга содржи анализа на самиот концепт на говорот на омраза, претежно говорот на омраза на преставниците на политичките партии, кои беа како дел од кампањата. Содржи перцепции на граѓаните, како лани тие го доживеале присуството на говорот на омраза.Околу 60 % од граѓаните кои беа како дел од истражувањето зборам за лани, изјавиле дека тие перцепирале говор на омраза за време на предизборната кампања, претежно тоа било во социјалните мрежи, но кажале дека имало говор на омраза и од самите политичари, рече Шерузе Османи Балажи автор на книгата, Говорот на омраза за време на парламентарната кампања 2020 година во република Македонија и ефектите врз однесувањето на граѓаните.

Фокусот на истражувањето, односно анализата е направен врз таргет групи и анализи на говорите на политичарите.

-Присутен беше директниот говор на омраза, а многу присутен беше имплицитната форма на говорот на омраза, а ефектите се исти и на едните и на другите

-Имплицитната форма значи во реченицата на говорникот не можете да најдете делче, кое е заканувачко за другиот политички субјект Но, пораката која се добива од изразот или параграфот ги активира истите чуства, исто како да спрема субјектот е кажан некој навредлив збор, рече Шерузе Османи Балажи

Според авторката, најчесто е присутен говор на омраза кон друга партиска припадност, политичка идеологија или етникум.