50 години уметност од Александар В. Настески

0
69
Ѕвездени патешсествија 1 и 2/ Фотографија: Глас.мк

Официјалната ретроспективна изложба по повод 50 години ликовно творештво од академскиот сликар Александар В. Настески се отвори вчера во Националната Глаерија во Тетово.

 

Јубилејната изложба беше составена и хронолошки подредена од внимателно одбрани  дела што се застапени во секој од неговите уметнички циклуси. Инспирациите од родниот град, фасцинираноста од митологија во комбинација со историја и еротика се опишани во два од неговите опуси. Од нив произлегуваат делата: „Легенда за Тетово“, „Тетовска свадба“, „Големите Дионизии“, „Салома“ и други. Третиот опус го посветува на културолошки и психолошки содржини преку кои тој го изразува своето чувство за светот, универзумот, постоењето. Четвриот и последен негов циклус беше претсавен на оваа изложба. Наречен „Маедонија – ера на кладенките“, ја раскажува приказната за Менадите користејќи го зборот калденка како македонски антички збор за Менада.

Во последните дваесет години Настески се бави со истражување на карпестата уметност во пределите на Шар Планина на нашата територија и истата претставува една од најголемите инспирации за неговите позанти дела „Ѕвезди над карпите“ (1 и 2), но ја имплементира и во најновиот концепт на уметност.

Кокино 1/Фотографија: Глас.мк

„И токму уметничките дела од карпестата уметност, античките митови за постоењето на светот, вселенските летала од Местопотамија и од нашите фрески од средновековието, скулптурите и фреските од античките кралски гробници на македонските кралеви, како и најновите сознанија за постанокот на Млечниот пат и на Вселената си го најдоа своето место во моите најнови дела. А, тука е и танцот на Тетовската менада-калденка.“ – пишува големиот македонски уметник во наративниот текст за актуелната изложба.

Своето обраќање го завршува користејќи го својот препознатлив шарм на автентичен сликар и порачува;
„Мене ми останува надежта дека овој мој скромен труд и мојава излоќба која е пресек на моето творештво со која го одбележувам својот 50 годишен јубилеј, ќе придонесе за подобро осознавање на вистината за нас и нашиов свет. Но, остануваат тука сеуште вечните прашања: Од каде сме, кои сме, каде одиме?“

Македонија – ера на Кладенките/ Фотографија: Глас.мк
Македонија – ера на калденките/ Фотографија: Глас.мк

Настески ја одржал својата прва изложба пред половина век, во 1971 година на истата локација во родниот град Тетово. Од тогаш тој има реализирано 33 самостојни изложби во земјава и во странство. Дипломирал на Педагошката академија во Скопје и на Академијата за применета уметност во Белград. Има земено учество на меѓународните изложби во Париз и Каљ сур Мер во Франција и во Капо ди Понте во Италија. Член е на ДЛУМ од 1977 година и на ЗЛУТ – Тетово како активен учесник во заедничките изложби на Друштвото и Здружението.
Елементите во неговите дела се неограничени, слободни но истовремено јасни со силни бои и цврсто значење. Неговото творештво сведочи за комплексноста на еден човечки ум кој живее во овој свет со „несфатливи, а по сѐ изгледа сѐпристуни создавања во нашава Вселена“, како што тој умее да се изрази. Делата потпишани со неговото име раскажуваат за една влијателна трага во македонската, но и уметноста во светот подарувајќи и уште еден уметник вистински верен и искрено посветен на неа.

Фотографија: Глас.мк

Делата ќе бидат изложени до сабота.

 

Ангела Бошкоска