БОСНА ЌЕ ФРЛИ НАЈМАЛКУ 600.000 ВАКЦИНИ: Половината се Астразенека

0
40

Во БиХ во моментов чекаат да бидат уништени повеќе од 600.000 вакцини против корона вирусот, а евидентно е дека најголемиот број се од британско-шведската компанија Астразенека.

Како што соопштија за „Независне новине“ од Институтот за јавно здравје на Република Српска, до 31 октомври во Српска истекол рокот на 330.587 вакцини против ковид, а и претходно медиумите во БиХ пишуваа дека повеќе од 200.000 вакцини пропаднале на последниот ден од октомври. Според неофицијални информации, оваа бројка веројатно е уште поголема и изнесува околу 300.000.

Според лекарите, една од причините зошто на толку голем број вакцини им изминал рокот на употреба е поради тоа што повеќето од нив биле донирани, и имале и пократок рок на траење.

Од друга страна, лекарите посочуваат дека е забележлива негативната кампања против вакцинацијата, особено кога станува збор за вакцината на компанијата Астразенека, која започна во земјите од Европската унија кога ја поврзаа со случаите на белодробна емболија