Општина Тетово – Мониторинг на водата за пиење и намалување на трошоците за јавно осветлување и паркинзите

0
19
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами денеска оствари средба со директорот на компанијата „Версо Алтима“, Марио Геренчир од Хрватска.
Тема на ова средба беше имплементацијата на “Smart” технологии и нови модерни платформи за “Smart City”.
-Директорот на оваа компанија ги презентираше платформите со кои располага за да им помогне на граѓаните на Тетово но и на општината во менаџирањето и давање на точни, навремени и транспарентни информации за тоа што е сработеното во Тетово. Со имплементацијата на оваа платформа ќе се овозможи соработка меѓу граѓаните и Општината.Со овие проекти ќе се овозможи намалување на трошоците и одржување на јавното осветлување, паркинзите како и можен мониторинг на водата и водата за пиење, соопштија од Општина Тетово