Дојден е нож до коска, градежни бандити го уништуваат -Протест на жителите на Маврово, бараат посебна општина

Една од најубавите и најзелени општини, лоцирана во националиот парк, стана највалкана, каде владеат урбани мафијаши кои закон не ги гони, а мештаните немаат вода за пиење и се опколени со диви депонии. Тоа беше посочено на денешниот протест под мотото: „Спас за Маврово“, организиран од месното население и сопствениците на викендички во оваа општина.

Од одборот на „Спас за Маврово“, побараа мораториум за градење во наредните две години, за да се спречи урбаното лудило и да се зачува тоа што остана, а како што истакнаа, останато е многу малку.

Велат дека тука законот како да не постои. Решенија за уривање на дивоградби не се реализираат, се узурпираат резервоари за вода за бизнис цели, а мештаните се жедни покрај езеро и извори.

„Бараме од новата локална власт уривање на типските градби кај хотелот Радика, да се запре градењето на објекти околу Мавровското езеро и да се утврдат останатите дивоградби. Да се поништат сите договори за концесија за извори и резервоари од кои добива вода една цела населба. Бараме мораториум за градба. Исто така имаме проблеми со собирање на смет. Да се реши проблемот со уличното осветлување, да се згрижат уличните кучиња.

Целиот извештај на ММС кликнете на линкот подолу

Дојден е нож до коска, градежни бандити го уништуваат -Протест на жителите на Маврово, бараат посебна општина