Аријанит Хоџа: Не е работата дали сум се сретнал со Муса Џафери, туку кој ме следи

0
21

Фотографијата е вистинска, средбата се случила на јавно место без да се кријам од никого и без никакво влијание во политичкото дејствување, но кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали следењето проследено со институционални инструкции од безбедносните органи и како ова нарушување на приватноста на министер во оставка од актуелната Влада може да се оправда, прашува Аријанит Хоџа од Беса откако на социјалните мрежи се појави негова фотографија со поранешниот висок функционер на ДУИ, Муса Џафери.

„Како активна личност во политиката имам стотина средби со луѓе кои сакаат да разговараат за актуелните политички прашања. Прашањето што се поставува е: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова е мониторинг со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на еден министер во оставка од актуелната Влада. Ако растот на движењето Беса на некого им пречи, тоа е проблем на оние кои ја имаат оваа грижа, а не наш“, вели Хоџа во одговорот на својот фејсбук-профил.