Ахмети не верува дека Беса ќе излезе од Владата, нивните изјави се вршење притисок

0
16

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во Собранието изјави дека не верува оти Движењето Беса ќе излезе од владејачката коалиција. Во својот коментар на изјавата на генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа, дека поради одлуката за прегласување на изборите за градоначалник во Желино можно е партијата да ја напушти владината коалиција, Ахмети нагласи дека нема потреба да се врши притисок врз институциите и дека треба да се почитува одлуката на ДИК за прегласување на едно избирачко место во Желино.

Сметам дека нема да се случи Беса да ја напушти Владата, зашто таквиот потег нема да ѝ биде од полза на таа партија. Нивните изјави може да се разберат како еден вид притисок врз владејачката коалиција, но коалицијата нема да биде оштетена од таквите изјави или слични притисоци. Пред сѐ, тоа не е добро затоа што тие изјави значат притисок врз институциите кои мора да го спроведат законот”, изјави Ахмети во Собранието на Македонија.

Инаку, Беса веќе ја имаше запишано на своето салдо општината Желино каде кандидатот на таа партија освои 59 гласови повеќе од кандидатот на противкандидатот од редовите на ДУИ, коалициски партнер на Беса во Владата.

ДИК ги прифати приговорите на ДУИ за гласањето на едно избирачко место во Желино и донесе одкука за прегласување бидејќи има можност за промена на изборниот резултат.