Влада: Парламентарното мнозинство е стабилно

0
20

Од Владата денеска по средбата на премиерот Зоран Заев со претставници на коалиционите партии соопштија дека сите партнери од парламентарното мнозинство биле присутни на средбата и изразиле поддршка на Владата од ова парламентарно мнозинство.

„Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот. Заеднички се констатираше дека на Северна Македонија и на граѓаните на земјата не и се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции на Северна Македонија“, се наведува во соопштението на Владата.

Средбата беше на покана на премиерот Заев кој по поразот на СДСМ на локалните избори донесе одлука да поднесе оставка од премиерската функција и од лидер на владејачката партија.