Победа на ВМРО-ДПМНЕ во вкупно 42 општини и Град Скопје

0
21

На страната на ДИК се објавени резултатите од 100 проценти преброени гласови според кои во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички места во 20 општини, СДСМ во седум, ДУИ во седум, Алијанса за Албанците – Алтернатива и Беса по две, и по едно градоначалничко место имаат освоено ДПА, ГРОМ и Коалицијата ЛДП-ДОМ.

Во вториот круг победија и независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, независниот кандидат Максим Димитриевски во Куманово, и независниот кандидат во Дебарца Зоран Ногачески.

Во првиот круг од локалните избори ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалнички места, СДСМ девет, ДУИ две.

Алијанса за Албанците и Алтернатива има градоначалници во Врапчиште и Гостивар, а БЕСА во Желино и Тетово.

ГРОМ има нов градоначалник во Карпош, ДПА во Студеничани, а коалицијата на ЛДП и ДОМ освои градоначалничко место во Шуто Оризари.

Независни кандидати победија во Дебрца, Куманово и Скопје.