Во клиничката болница Тетово, за прв пат е извршена Абдоминопластика (Тummy tuck)

0
48

 

Во клиничката болница во Тетово за прв пат е извршена абдоминопластика- ремоделирање на абдоменот предводена од Др.Роланд Алили (специалист хирург) со асистенција на Проф.Др.Кастриот Хаџиреџа (специалист хирург),пишува Top24.

Хируршкиот тим ја изврши оваа интервенција врз телото на 40-годишна пациентка и соопшти дека оваа операција траела околу три часа,каде истата е успешно завршена.

Што е абдоминопластика?

Абдоминопластиката, позната и како „ремоделирање на абдоменот“, е хируршка процедура која се изведува за отстранување на масната маса, отстранување на вишокот кожа од абдоменот и нејзино затегнување. Оваа интервенција исто така ги контурира пределот на стомакот и половината.

Крајниот резултат постигнат со абдоминопластика ( tummy tuck) е естетски попријатен стомак во однос на изгледот, мускулниот тонус и силуетата во целина.

Инаку Др. Роланд Алили е специјалист по хирургија, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2006 година,а специјализацијата по хирургија исто така во Универзитетската клиника во Скопје во 2014 година.
Др.Роланд Алили работи во Клиничка Болница Тетово