Дива свиња уби неготински ловџија кој ја промашил

0
24

На 28.11.2021 околу 08.00 часот во СВР Велес е пријавено дека во близина на с.Вешје, неготинско, при лов, Т.Т.(50) од с.Долни Дисан испукал еден куршум кон дива свиња, но не успеал да ја погоди, по што таа го нападнала, нанесувајќи му тешки телесни повреди, од кои починал на лице место. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Неготино.

МВР регистрирало уште еден ловечки инцидент, кога еден ловџија во липковско застрелал друг.

На 28.11.2021 година во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, општина Липково, додека биле на лов, А.В.(37) од с.Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С.(45) од Липково. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.