Заврши состанокот во Алтернатива: Треба да дадеме шанса за стабилност на земјата, важно ни е да излеземе од оваа криза, а не политичките места

0
35

Централното претседателство на Алтернатива имаше состанок кој започна со молк поради несреќата во Бугарија. Разговаравме за севкупната политичка сосотјба. Констатирамве дека државата се наоѓа во длабока политичка и енергетска криза. Алтернатива како сериозна политичка партија вечерва разговараше за помошта која може да ја даде за откочување на оваа ситуација. Треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за земјата да добие почеток на преговори со ЕУ, изјави портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани.

-Партијата го овласти претседателот да комуницира со актуелниот премиер и новиот мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од оваа криза. Ќе ја слушнеме и нивната верзија и дали има волја за зедничка програма и дали владините партнери ќе се откажат од својата моќ за да има рамнотежа, вели Муртезани.

Тој додава дека конечната одлука дали Алтернатива ќе влезе во владата ќе ја донесе Централното собрание откако ќе имаат повеќе информации.

Алтернатива не се води од апетитите за власт и земање на делови на власта. Ги кажавме причините за да може да се отпочнат преговори, како тие ќе завршат не знаеме. Повеќе сакаме да зборуваме за начините како да излеземе од оваа криза отколку кои функции ќе ги добиеме, вели Муртезани.