Линхарт: Се заложуваме за почеток на преговорите во декември

0
18

Оној којшто го исклучува Западниот Балкан, ја ослабнува Европа, рече австрискиот министер за надворешни работи, Михаел Линхарт, на заедничката прес конференција со неговиот македонски колега, Бујар Османи, во Скопје.

Како што кажа тој, заложбите се преговорите да започнат што поскоро, односно уште во декември.

„Се заложуваме и ќе продолжиме да се заложуваме уште во декември да почнат преговорите, тоа е нашето барање. Тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во ЕУ и тоа интензивно“, рече Линхарт.