Собранието на пауза –не се знае до кога

0
18

Собраниската седница на која требаше да се гласа за недоверба на владата се уште е во пауза откако пратеникот на Левица Димитар Апасиев побара пауза. Тој се повика на Деловникот, претседателот на Собранието Талат Џафери да дојде во салата и да ја води седницата бидејќи не е спречен за тоа. Апасиев се повика на  член 60 и 61 од Деловникот за работа на Собранието. Од друга страна Член 81 од Деловникот на Собранието предвидува дека седницата може да се прекине, меѓудругото, по барање на координатор или заменик координатор,кој има право на едно барање на пауза од еден час. Апасиев е пратеник бидејќи Левица нема пратеничка група.