ФОТО: Сопственикот на мини ЗОО-градината во атарот на тетовска Волковија тврди дека има дозовола – достави и документи

0
37

Сопственикот на мини зоолошката градина за која денеска Министерството за внатрешни работи информираше дека нема документи за работа, тврди дека ја има целосната документација.

Истата ја испрати до редакцијата на тв21:

МВР претходно информираше:

На 20.11.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција –  Секторот за општ и насилен криминал, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, СВР Тетово, инспектори од Државен инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од Јавен обвинител, извршена е контрола во угостителскиот објект.

При извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи. По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното Основно јавно обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветен поднесок.