ЦП на Беса- СДСМ-ДУИ итно да престане со притисокот од сите форми што го вршат врз пратениците на Движењето БЕСА

0
18

Движењето БЕСА денеска одржа состанок на Централното претседателство на партијата. На  средбата претседателството го потврди п политичкиот став на Движењето БЕСА.

Во продолжение партиското соопштение на Беса по одржување на претседателството.

-Во последните локални избори се исполнети зацртаните објективи како што е победата во општина Тетово и општина Желино. Исто така и 26.000 гласови, освоени на локалните изборите, ја потврдија политичката тежина на мандатите на пратениците освоени на изборите во 2020 година.

Движењето БЕСА уште еднаш ја изразува својата загриженост дека со употребените методи на ДУИ, како дел од власта и премолчено одобрени од страна на СДСМ, се нарушени слободата и демократијата во државата.

Исто така апелираме до актуелната власт на СДСМ-ДУИ итно да престане со притисокот од сите форми што го вршат врз пратениците на Движењето БЕСА. За ова прашање ја информиравме и меѓународната заедница. Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Северна Македонија се во опасност.

Движењето БЕСА уште еднаш ја реафирмира својата ориентација кон евроинтегративните процеси, сметајќи дека членството во ЕУ е единствената опција за иднината на Северна Македонија.

Членството во НАТО ја гарантира безбедноста на државата, а партнерство со САД и ЕУ ја обезбедува прозападната иднина на Северна Македонија.

Движењето БЕСА ќе го продолжи политичкиот пат за правда и демократија како и борбата против апсолутната власт на ДУИ и во таа насока ќе соработуваме со сите политички субјекти кои делат исти вредности и цели.

Беса