Ѓорчев: Брзи предвремени парламентарни избори се единствен излез од катастрофалната ситуација во Македонија создадена од владата на СДСМ

0
19

СДСМ ги изгуби бастионите Куманово и Скопје, ги изгуби сите поголеми градови на овие локални избори, ДУИ го изгуби Тетово и оттука факт е дека владата нема легитимитет. Во државава има политичка криза, тоа значи дека се потребни брзи избори, рече Марјан Ѓорчев, поранешен пратеник и советник на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на дебатата на телевизија 24.

„Локалните избори беа референдумско гласање на кое владата го изгуби легитимитетот и излезот сега е предвремени парламентрани избори. И до сега гледавме дека ништо не функционира, не се носат одлуки, има само кризи во сите области“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев објасни дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јасно ги кажал опциите за излез од кризата или гласање на недоверба а владата или брзи предвремени парламентрани избори.

„Владата лошо се покажа, ситуацијата е катастрофална и економската, и енергетската, и здравствената, затоа мора да се оди на брзи предвремени парламентарни избори. Буџетскиот дефицит е огромен и слично“, рече Ѓорчев.

Според него мора да има излез од оваа ситуацијата и истата да почне да се решава.