Аријанит Хоџа најави дека ќе поднесе оставка од министерската функција

0
22

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа во изјава за ТВ21 најави дека во текот на денот ќе поднесе оставка од позицијата во владата.

Министерот Хоџа кој на оваа позиција дојде по предлог на Беса рече дека деталите ќе ги образложи на прес-конференција.

Актуелниот министер во владата на Заев беше еден од најгласните во иницијативата за уривање на власта, која не успеа откако сопартиецот на Хоџа, Кастриот Реџепи, одлучи да не се појави на денешната собраниска седница, а подоцна и се изјасни дека нема да гласа против оваа влада, која според него ја води земјава на патот кон евроинтеграциите.