33-годишен охриѓанец почина од Ковид-19, имал дијабет тип 2 и не земал соодветна терапија

0
19

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Во однос на 33 годишното починато лице, било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба, информираат од МЗ.