Мицкоски: Не сум човек кој се откажува!

0
17

Секоја победа која доаѓа не е резултат само на успешна тактика, туку е сублимат на целото искуство и труд вложени претходно, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на фејсбук, споделувајќи фотографии од Конгресот на партијата.

-Не сум човек кој се откажува, тоа не е во мојата природа. Реформирано и силно ВМРО-ДПМНЕ ќе значи и силна Македонија. Поразот не е опција кога влогот е Македонија, нашата иднина и иднината на нашите луѓе. ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија, кредибилен партнер на граѓаните, партнер на меѓународната заедница, граѓанското општество.