Нема греење за учениците од тетовската гимназија кои следат настава на Македонски наставен јазик

0
27

Тетовските гимназијалци кои следат настава на Mакедонски наставен јазик, не се на училиште. Веќе втора недела следат онлајна настава затоа што училниците немаат греење. Од раководството на гимназијата, велат дека нафтата се потрошила предвреме, оти еден од нивниот објект го користи и друга образовна институција.

 Празни и ладни училници, каде тетовските гимназијалци следат настава на македонски јазик. Нафтата за греење се потрошила уште во вторникот минатата недела

Учениците учат во овие два објекти на стара медицина, одвоени од средношколците од албанска настава, кои се во во централниот објект на Гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово, каде греење има и се учи со физичко присуство.

Од раководството на гимназијата, велат дека нафтата веќе е нарачанa и очекуваат утре или најкасно до крајот од неделава, објектите да добијат греење.

-Нафтата била потрoшена предвреме, оти еден од објектите каде се следи настава на Mакедонски јазик во попладневните часови го користи спортската академија. Ние нарачавме нафта, но можеби доцни, затоа што од компанијата каде што треба да ни ја донесат нафтата имаат мноgu нарачки и најверојатно не можат да постигнат, не известија од раководството на тетовската гимназија.

Учениците кои следат настава на Mакедонски јазик поради недостиг на простор во централниот објект на Гимназијата Кирил Пејчиновиќ, две децении користат разни простории. Учеа во основни училишта, во општинската сала, а веќе петта година се во објектите на стара медицина.

И оваа и претходната централна власт, даваа празни ветувања дека ќе се изгради објект во склоп на постоечката гимназијата, наменет за учениците од Mакедонска настава.