Последната средба на историчарите за оваа година заврши без напредок

0
39

Нова средба, стар исход. Македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок ниту по едно прашање и на петтиот и последен состанок за годинава. По два дена онлајн дискусија, останануваат различните толкувања на двете историографии за средновековието и Цар Самоил, како и за тоа кои препораки треба да бидат усвоени по однос на учебниците.

Од македонска страна соопштија дека главните разлики со нивните бугарски колеги се во разбирањето на улогата на историјата со современите општества.

“По исцрпна дискусија, вториот ден покажа дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образовниот процес и остварување на заедничката цел градење добрососедски односи и пријателство во кое минатото и различните толкувања на историјата нема да бидат пречка”, се вели меѓудругото во соопштението на македонските историчари.

Подетален за исходот на средбата беше шефот на бугарскиот тим. Резултатот е нула, вели Ангел Димитров, обвинувајќи дека Македонија не прифаќа заедничка историја како што е стои во Договорот за добрососедство.

Заглавени сме во средновековието, а се плашам дека работата ќе ни оди тешко и во наредната година, рече историчарот.

“Денешната средба ја одбележа она што се случи на 8-ми декември. Тогаш слушнавме дека Свети Климент ја создал македонската духовност. Ние уште во 2018 година донесовме неколку препораки, меѓу кои и за светите браќа Кирил и Методиј. Во нив се вели дека нивната работа се развила во Бугарија. Истото важи и за делото на Свети Климент. И ова е дел од малкуте усвоени заклучоци, а за нив знае политичкиот врв на Македонија. На 8-ми декември, се вратија на старото толкување”, вели Димитров.

Како и во оваа, така и во наредната година се договорени пет средби, а следната ќе биде одржана на 24 и 25 февруари.

Резултатите од работата на историчарите се услов од Бугарија за кревање на ветото. Привремената влада потврди дека блокадата за Македонија останува и за декемврискиот Самит, а поголем оптимизам земјава гледа во новата влада која утре и официјално ќе добие мандат за состав на нов кабинет.

Бугарија ќе добие и наследничка на Екатарина Захариева. За местото шефица на дипломатијата е предложена Теодора Генчовска од партијата “Има Таков Народ