СВР Тетово: За 4 часа казнети 14 возачи за недавање предност на пешаци

0
40

Денеска (28.12.2021) во периодот од 09.00 до 13.00 часот полициски службеници на СВР Тетово на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат предност на пешаците, во која вкупно биле преземени 14 мерки (ТЕ-10 и ГВ-4). Најголемиот број од мерките -11 (ТЕ-7 и ГВ-4) се однесувале на непропуштање на пешаци на пешачки премин, по што на сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид сообраќаен прекршок изнесуваат 250 евра во денарска противвредност, како и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

При контролата, исто така, биле откриени и адекватно санкционирани и 25 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-6).