Семејна драма во Табановце-жена го избодела мажот кој се обидел да го повреди нивното дете

0
21

Синоќа по 22 часот, 23 годишна кумановка со остар предмет му нанела убодни рани на сопругот, во обид да го одвлече од намерата да го повреди нивното дете. Немилиот настан се случил во Табановце.

– На 14.12.2021 во 22.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете, пишува во својот дневен билтен СВР Куманово.
При прегледот на повредениот во Кумановската болница, биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Куманово работи на расчистување на случајот.