СЗО предупредува – Омикрон може да ги блокира здравствените системи ширум светот

0
111

САД и неколку европски земји го пријавија својот најголем дневен пораст на случаи на ковид од почетокот на пандемијата, а како главна причина за новиот раст на бројките се наведува новиот сој Омикрон.

СЗО потврди дека инфекциите со Омикрон биле придружени со поблаг облик на болеста, но предупреди дека сепак ќе има голем број хоспитализации, особено кај невакцинираните пациенти, што може да предизвика големи нарушувања во здравствените системи ширум светот. И додека бројките на новозаразени растат ширум светот, дневните смртни случаи од Ковид не се значително зголемени.

Седумдневниот просек на смртни случаи се движи околу 7.000 од средината на октомври и покрај појавата на Омикрон.