Се тепале и навредувале полициски службеници, СВР Тетово регистрира и измама

0
21

Доцна по полноќ полициски службеници од СВР Тетово ги привеле 31-годишната Д.Ј. од Гостивар и М.С.  на возраст од 26 години од Велес, со привремен престој во Гостивар. И двајцата на ул.„Илинденска“ во Гостивар, во непосредна близина на трговски центар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Притоа Д.Ј. агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службани дејства. По комплетно документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.

 На 13.01.2022 година во 14.15 часот С.З.(54) од с.Лабуништа, струшко, пријавил дека на 17.10.2020 година бил измамен од И.Е. oд Гостивар на кого му платил пари за да му заврши услуга во врска со судско решение на која пријавениот се нафатил. Откако услугата не била извршена, пријавителот сфатил дека бил измамен.Се работи на целосно расчистување на случајот при што ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Тетово, во рамки на континуираните контролни активности за откривање и санкционирање на лица кои управуваат под дејство на алкохол, ноќва  (14.01.2022) откриле и санкционирале 8 возачи (ТЕ-7 и ГВ-1), кои управувале возило под дејство на алкохол и еден возач во Тетово кој одбил да се алкотестира. Тие веднаш биле исклучени од сообраќај.  При контролата биле констатирани и санкционирани и 20 останати прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-8). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, при што ќе се соочат со парична глоба во износ од 250-400 евра во денарска противвредност.