Тетово, зголемен е интересот за примање на третата вакцина

0
18

Зголемен е интересот за примање на третата вакцина во Тетово, но не и за примање на првата доза. Минатата недела двојно е зголемен бројот на заинтересирани да се вакцинираат со трета доза, а мал е бројот на оние кои аплицираат за првата доза, велат лекари од пунктови за вакцинација во Тетово.

„Ваквото зголемување на интересот на граѓаните да се вакцинираат се должи на празниците, кои тогаш не можеа да дојдат да се вакцинираат, но значително е зголемен интересот на граѓаните да ја примат третата доза. Значи над 70 отсто од граѓаните кои доаѓаат да се вакцинираат се граѓани кои доаѓаат за трета доза. За првата доза, за жал, тој низок интензитет продолжува, особено кај возрасната група до 30 години, тој е многу низок“, рече Бесник Мустафаи, доктор на пунктот за вакцинација.

Досега во градот Тетово без руралните општини, вакцинацијата надмина 50 отсто од населението, вели директорот на Здравствениот дом.

„Во април се навршува една година откако започна процесот на вакцинација кај нас и во Тетово. Бројот на вакцинирани е околу 55 отсто во градот Тетово без рурални општини. Ова е висок процент врз основа на процентот што го имаме на државно ниво, но сепак, ако оваа бројка малку се зголеми ќе бевме побезбедни. Сепак, задоволен сум од овој процент во нашата општина“ – изјави Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствен дом.

Во однос на состојбата со корона вирусот во градот Тетово, состојбата е мирна. Во болницата во моментов има само две лица, додека во последните 24 часа се примени уште две лица, наспроти амбулантските прегледи кои се околу 30 дневно. Во Тетово досега, според лекарите од тетовската клиничка болница, нема заразени со корона вирусот од типот Омикрон. /Алсат.мк