Ѓоковиќ го одработи првиот тренинг и се огласи на Инстаграм

0
31

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по неколку денови во имиграциски хотел и добиениот судски спор, го одработи првиот тренинг во Мелбурн.

Деветкратниот освојувач на Грен слемот во Мелбурн по победата во судскиот процес во федералниот суд во Австралиија предмалку го одрабитил првиот тренинг и со објава на Инстаграм потвди дека сепак ќе учествуѕва на Отвореното прветсво на Австарлија и ќе атакува на јубилерјната десета титула во Мелбурн.

– Благодарен сум што судијата донесе пресуда да ми ја врати визата за престој во Австралија. И покрај се што се случи минатата недела, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија Опен. Останувам фокусиран на тенисот. Овде патував за да учествувам на еден од најважните турнири во историјата и дефинитивно мојот најуспешен. Во моментов можам да напишам толку многу и секако огромно БЛАГОДАРАМ до сите ширум светот кои ми дадоа поддршка и сила и ме охрабрија да останам трезен и силен!, напиша Ноле на Инстаграм по неколку дневниот хаос.