Без пари не се живее, сите млади избегаа, од почеток на пандемијата досега отказ добиле 16 000 лица

0
38

Јашар Ислами од тетовското село Теново веќе десетта година секој месец се пријавува во Центарот за вработување Тетово, со надеж дека ќе добие повик за работно место. По професија е квалификуван возач.Моментално се занимава со земјоделство и сточарство, но и да најде работа, од неговата земја како што вели не се откажува, оти со една плата не се живее.  

-Мора нешто да се работи приватно со земја со стока, за да се излезе на крај, оти сега знаете како е, се е поскапено. Секој месец се пријавувам со надеж да најдам работа, за возач било што, дали камион, дали шлепер или автобус. Барам работа од 2013 година ,а  во меѓувреме работам приватно, но од агенцијата до сега не ме повикале. Јас имам два сина, едниот има 27 години, тој работи приватно плочки става, а другиот има 18 години, изјави Ислам.

Вели дека во целото село е слична состојбата.Ретко кој е на работа, затоа и сите заминуваат во странство.

-Во цело село е тешко состојбата, платите се многу ниски, струјата е скапа, се е скапо и моите соселани работаат повеќе во странство, оти тука нема работа. Младите сите избегаа, еве и синот ќе бега, со мали плати не можеш на крај да излезеш, рече Ислам.

Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, при денешната посета на Центарот за вработување Тетово, истакна дека пандемијата нанела тежок удар во речиси сите сектори. Или во бројки од почетокот на пандемијата досега отказ добиле 16 000 лица, кои веќе се пријавени во агенцијата.

Со нашите заложби и мерки кои ги имаме, успеваме да го намалиме овој тренд, посочи тој.

На најголем удар се секторите хотелиерство. како и текстилната индустрија.

-Највеќе се реализира мерката за самовработување, на таа основа 1777 фирми се отворени. Минатата година 99 % од бизнисите односно корисниците на активна мерка на самовработување продолжуваат да работат, односно опстануваат и се развиваат. Корисници на 40 % од активните мерки се млади лица, кои се одлучуваат да отворат свој бизнис. Во агенцијата за вработување на дневна основа има до 8000 огласи за работа, рече Мурати.

Ислам и по речиси една деценија се надева дека ќе го повикаат на работа, дотогаш парче леб како што вели ќе вадам од мојата земја и стока.  

Извор ММС