Го прободел за паркинг место на Попова Шапка

0
23

Во викенд населбата Попова Шапка вчера околу 22:00 часот пред угостителски објект, по претходна вербална расправија околу паркинг простор, се случила крвава пресметка.

Помеѓу Џ. Л. (56) од Тетово, и В. С. (36) од тетовско Џепчиште настанала физичка пресметка во која В.С. употребил остар предмет и на Џ.Л. му нанел повреда.

„В.Ц е приведен во СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, објави МВР.