Министрите Бесими и Бектеши со службено возило во верижен судир

0
34

Доцна попладнево, службено возило со кое се превезувале министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за финансии Фатмир Бесими беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата.

-Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Дел од учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување, објави Бесими на својот фејсбук профил