Петков без одговор на забелешката дека етничките Македонци во Бугарија немаат права

0
20

Историските прашања не се единствениот проблем меѓу Софија и Скопје, има и други проблеми што треба да се решаваат. Така на пример, Бугарите во Македонија се уште немаат право на правна заштита, се обиде да објаснува бугарскиот премиер Кирил Петков во гостувањето на Би-би-си.

 

Но, остана без одговор и објаснување на забелешката од водителот на емисијата „Хардток“ дека и етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија.

„Извинете, но немаат ни етничките Македонци во Бугарија. Всушност, Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи по таа основа отколку за Бугарите во Македонија. Аргументите се слаби. Тука се наоѓате на лизгав терен“, забележа британскиот новинар Стивен Сакур.

Сепак, Петков не одговори на оваа забелешка и продолжи да зборува дека со македонскиот премиер Димитар Ковачевски се согласиле оти „Бугарите во Македонија треба да ги имаат истите законски права како сите останати народи кои живеат таму, но прашање е како да се стигне дотаму“.

„Со премиерот на Северна Македонија целосно се согласивме дека Бугарите би требало да ги имаат истите законски права како и сите Македонци и други народи, како Албанците. Добра работа е што имаме разбирање околу тоа. Прашањето е како да се стигне дотаму и кој е патот јавноста во двете земји на тоа да се соглас“, кажа Петков.

Петков на крајот од разговорот јасно кажа дека без сомневање сака да ја види Македонија во Европската Унија.