Привршува предистрагата за пожарот во ковид-болницата во Тетово

0
21

Привршува предистражната постапка за избувнувањето на пожарот во ковид модуларната болница во Тетово. По преводот на германскиот извештај за тоа како настанал пожарот, петтемина обвинители ги анализираат сите докази. Алсат дознава – одлуката за тоа дали да се отвори истражна постапка и дали ќе има кривична одговорност ќе ја донесат вкупно девет јавни обвинители – петтемина кои работат на предистрагата и Комисијата од виши јавни обвинители која е формирана во Обвинителството. Според информации на Алсат, од идната недела се очекува петтемина обвинители анализите и доказите да ги презенитраат пред Комисијата.

„Штом ќе биде донесена јавнообвинителска одлука во предметот, јавноста веднаш ќе биде известена“, велаат од Обвинителство

Алсат неодамна објави дека извештајот од германските експерти има иста содржина како оној на крим – техника на МВР. И германскиот увид неофицијално покажал дека причината за пожарот во модуларната болница бил прегреан продолжен кабел.

Од пожарот во ковид модуларната болница во Тетово поминаа речиси пет месеици. До ден – денеска не никој не одговараше за трагедијата во која изгореа 14 лица, од кои 12 ковид пациенти. /Алсат.мк