АЛСАТ – Гумите на противпожарните возила во Тетово не се сменети од 2005 година!

0
38

 

Повеќето противпожарни возила овде во Тетово имаат гуми во ваква состојба. Верувале или не има пожарникари кои секојдневно ги возат овие камиони, но кои не се сеќаваат кога последен пат биле сменети овие гуми.

Со години упатуваат барања, но никогаш не добиле позитивен одговор.

Новинар: Се сеќавате ли кога последен пат се сменети гумите?

„Не се сеќавам, тука сум шест години на работа, гумите не се сменети. Во голема опасност сме бидејќи се многу стари и се летни, а не зимски за тековната сезона. Кога има мраз, не можеме да поминеме, бидејќи тоа се летни, не се зимски гуми“, рече Ајет Сулејмани. Пожарникар, возач на камион

Командантот на Противпожарната бригада во Тетово, Ука Алити, вели дека повеќето гуми не се сменети од 2005 година.

„Точно е дека гумите на специјалните возила треба да се сменат бидејќи откако ги добивме овие возила, гумите никогаш не биле почестени. Ние го упативме барањето до надлежните органи и верувам дека ќе добиеме позитивен одговор и оти овие гуми ќе бидат заменети“, рече Ука Алити, Раководител на противпожарна бригада

Старите гуми не се единствениот проблем на Противпожарната бригада во Тетово. Оваа единица со години апелира да добијат возила со долги скали за гаснење пожари во станбени згради, да се зголеми бројот на пожарникари, но засега ништо од тоа не е добиено. /Алсат.мк