Шаќири не дојде на средба со Касами – општина Тетово го откажа настанот, велат не се почитува градоначалникот

0
35

Општина Тетово информираше дека е откажан настанот со Министерството за образование и наука со објаснување дека тоа е поради непочитување на функцијата градоначалник.

Велат дека пред да почне настанот најавен за 10 часот,  требало да има средба помеѓу министерот Јетон Шаќири и градоначалникот Билал Касами во 9 часот, но кога се јавиле дали пристигнала делегацијата им било речено дека нема да дојдат на средбата.

Непочитувањето на градоначалникот на Општина Тетово значи непочитување и на сите граѓани кои живеат во градот. Министерот за образование, по наредба на своите газди, очигледно не успева да се однесува професионално, како што доликува на функцијата министер. Врз основа на политиката на партијата што ја застапува, уште еднаш докажа дека ги игнорираат општините кои не се предводени од ДУИ. Општина Тетово има лидер, затоа нема да дозволиме никој да го потценува авторитетот на граѓаните и општината, наведе Општина Тетово во соопштение.

За 10 часот беше најавено дека министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе присуствува во Општина Тетово на настан во рамки на дијалогот на МОН за креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование. Покрај во Тетово, ваков настан за денеска од 13.30 часот МОН најави и во Општина Гостивар.