Јанакиески, Јанкулоска и Протоѓер признаа вина обвинителката бара условна казна и ублажување за „Титаник

0
21

По точно шест години откако поранешното СЈО го отвори случајот „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни измами, дел од обвинетите признаа вина. Поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како Мартин Протоѓер, екс шеф на кабинетот на поранешнот премиер Никола Груевски, се изјаснија како виновни. Меѓу нев беше и поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришковска-Бошковска.

Јанкулоска пред судот кажа дека ја признава вината во однос на наводите од обвинението, но забележа дека постапката за овој предмет не требало да се води, поради даденото помилување од поранешниот претседател Ѓорге Иванов

Со признавањето на вина по однос на ова обвинение, сакам да испратам порака дека секој што се нафатил да извршува јавна функција, државна или политичка, мора да биде подготвен да се соочи со последиците од одлуките во кои учествувал, и за време на извршувањето на мојата функција, и сега, како поранешен функционер ниту бегав, ниту ќе бегам од одговорност“, рече Јанкулоска.

Вина за дел од кривичните дела кои му се ставаат на товар призна и Миле Јанакиески, кој притоа го повтори ставот на Јанкулоска дека поради помилувањето на Иванов, овој случај не требало да се води.

–Ова го направив бидејќи чувствував пред сѐ морална одговорност и затоа се извинив на сите оние непријатни моменти во бомбите и покрај тоа што и таму сум бил жртва бидејќи заедно со мојата сопруга сум прислушкуван, но сметам дека треба да го направам овој чекор за да на некој начин придонесам за подобрување на состојбата во општеството, рече Јанакиески.

Мартин Протуѓер кажа дека презема одговорност како морален чин и од тој аспект ја прифаќа вината.

Откако признаа вина, обвинителката Лиле Стефанова побара од судот условни казни и олеснителни мерки против овие обвинети. За Протоѓер вели дека е татко на три деца, невработен, со влошена здравствена состојба и треба да му биде изречена намалена и условна казна. Ублажување на казните Стефанова побара и за Јанкулоска, Јанакиески и Бришковска-Бошкоски.

Судењето за Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и останатите кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март. Екс премиерот се огласи од Будимпешта каде неколку години е во бегство.

„После долгогодишна борба и докажување на правдата, низ еден процес на нудење “пазар” од страна на обвинителството се приклештени на правење штета на себе и потенцијално на други, а верувајки дека со тоа ќе одбегнат поголема штета, да се понижат и да се принудат самите да си признаат вина која ја немаат. Вина која не постои“, напиша Груевски на социјалните мрежи.