ВИДЕО – КАСАМИ НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО ЕВРОПСКАТА РЕГУЛАТИВА БАРА ВО ЛИЧНИТЕ КАРТИ ДА СТОИ НАЦИОНАЛНАТА ПРИПАДНОСТ

0
19

Националноста и верската припадност се лични податоци и истите не треба да ги има во личните карти. Таква е регулативата на Европската унија, а Македонија како земја аспирант на оваа заедница треба тоа да го почитува, рече Евроамбасадорот Дејвид Гир. Градоначалникот на Тетово Биљал Касами кој денес му беше домаќин на Гир, рече дека само за ова прашање не се согласиле со евроамбасадорот. Како претседател на БЕСА го покренав ова прашање и тоа останува отворено, додаде Касами.