ВО ТЕТОВО ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ СНИМАТЕЛОТ НА АЛСАТМ

0
24

Снимателот на Алсат М од Тетово 19 годишниот Блерон Пајазити е физички нападнат

-Денеска (24 март) околу 14 часот и 15 минути, полициски службеници на СВРТетово го привеле 31-годишниот Ј.М.од Тетово, кој во 13 часот и 50 минути бил пријавен од 19-годишниот тетовец Б.П. дека околу 11 часот и 15 минути на улица Илинденска” во Тетово, физички го нападнал додека тој извршувал професионални снимателски задачи.Приведениот Ј.М. задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија од СВР Тетово

Лицето најпрвин му се обратил на камерманот прашувајќи го кој го испратил, а потоа го удрил во главата, во меѓувреме интервенирале некои случајни минувачи, по што, напаѓачот заминал во непознат правец.