Иницијативата „Тетово сака парк” закажа консултативна средба со советниците и им достави покани

0
23

Иницијативата „Тетово сака парк” закажа средба со сите членови на Советот на Општина Тетово со цел да се образложи идејата за формирање на градска парковска површина.

Средбата е закажана за во петок (25 март) во просториите на музичкото училиште.

-Поканата е доставена поединечно до секој советник преку архивата на општината, како и на нивните приватни и службени меил адреси. Целта е детално да ги запознаеме членовите на Советот со иницијативата и со утврдените начини на реализација, информираше Марко Видачек од тимот за односи со јавноста.

Од иницијативата вчера упатија и отворено писмо до сите советници со кое од нив се бара вклучување и поддршка за иницијативата. Отвореното писмо содржи и покана за консултативна средба со советниците, каде тие ќе имаат можност да се запознаат подетално со иницијативата и директно да добијат одговори за неа.

Предлогот до општината минатиот месец беше поднесен со околу 60 потписи, а онлајн петицијата доби повеќе од 3.000 потписи на граѓани. /МИА