Кремљ го забрани интервјуто на Зеленски со руски новинари

0
26

Неколку часа откако Зеленски на својот канал на Телеграм го објави 90-минутното интервју во кое зборува руски, руската влада издаде соопштение во кое ги предупреди руските медиуми „за неопходноста да се воздржат од објавување“ на 90-минутното интервју на Зеленски со новинарите, објавија државните медиуми.

Додека новинарите со седиште надвор од Русија го објавија интервјуто, оние што сè уште се во земјата не го објавија, забележува Њујорк тајмс.

Активностите на Кремљ ги нагласуваат напорите на Зеленски да ја заобиколи строгата цензура на рускиот претседател Владимир Путин на вестите за инвазијата на неговата војска во Украина, вели американскиот медиум.

Зеленски во телевизиското обраќање во неделата вечерта рече дека дејствијата на московското медиумско тело, кое тој го нарече „руската агенција за цензура“, би биле „смешни кога не биле толку трагични“.

„Тие ја уништија слободата на говорот во нивната држава, се обидуваат да ја уништат и соседната држава“, рече тој, според англискиот превод на неговото обраќање објавен на официјалната претседателска веб-страница.

„Тие се прикажуваат како глобални играчи. А самите се плашат од релативно краток разговор со неколку новинари“, додаде тој.