Курти: Мора да постои договор за српските избори да бидат дозволени на Косово

0
62

Косовскиот премиер Аљбин Курти кажа дека мора да постои договор со Србија за да се овозможи одржување на српските претседателски и парламентарни избори на Косово, пренесе Коха диторе

Тој на онлајн средбата со амбасадорите и шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Косово додаде дека владата не сака да им го одземе гласачкото право на граѓаните Србија на Косово, но според него, не може да постапува спротивно на законите и уставот, соопшти неговиот кабинет.

„Ќе се однесуваме одговорно кон двете прашања“, кажа Курти и додаде дека е во постојана комуникација со амбасадорите на западните земји.

За време на состанокот станало збор и за безбедносната ситуација во регионот по руската инвазија на Украина.

„Република Косово од почетокот изрази солидарност со Украина и украинскиот народ, додека без колебање најостро ја осуди агресијата на Русија, придружувајќи им се на ЕУ, САД и демократскиот свет во воведувањето санкции на таа земја“, се наведува во соопштението.

Било разговарано и за поголема посветеност и во областа на економската дипломатија, почнувајќи од воспоставувањето контакти и мостови за промоција на потенцијалот на Косово низ светот.