ПРЕПОРАКИ: ДА СЕ УКИНАТ КОВИД-СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО МОЛОВИТЕ, НО ОСТАНУВААТ ЗА РЕСТОРАНИТЕ

0
38

Комисијата за заразни болести со препорака да се укинат задолжителните сертификати за присуство на моловите, односно на местата каде не е задолжително носење на маски, односно за влез во во угостителски објект каде ќе треба да се спушти заштитната маска, оваа мерка останува.

Претседателот на комисијата, Александар Петличковски, изјави дека ова е еден чекор во насока на олеснување на рестриктивните мерки.

Според комисијата, еден од важните процеси за олабавување на рестриктивните мерки пред се е вакцинацијата, која во земјава е на многу ниско ниво. Од денеска започнува нова кампања преку министерството за здравство, со закажување термини за сите оние граѓани кои имаат нецелосна вакцинација, односно немаат бустер доза, а спаѓаат во ризичната група на граѓани. Според информациите од Мој термин, 260 илјади граѓани спаѓаат во ризична група, од кои 130 илјади не се целосно вакцинирани, а другата половина немаат бустер доза.

На претходниот состанок, Комисијата препорача сертификатите за прележаност на ковид-19 да важат шест месеци, а не 45 дена како досега и бремените жени да се вратат на работа, но да се вакцинираат, но одлуката се уште не е донесена. Од комисијата велат дека не се работи за блокада, туку веројатно административна пречка, и очекуваат во брзо време да биде усвоена.